Донација од „Америт“-200 визири за полицијата во Ѓорче Петров

Со посредство на општината, компанијата „Америт“ донираше за полицијата во Ѓорче Петров 200 визири како заштита од вирусот Ковид-19.
Општествено одговорните компании во се поголем број одговараат на повикот на општината да донираат производи во рамки на своите можност.
Во текот на денешниот ден на социјално ранливи семејства и лица ќе им бидат поделени и пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, исто така донација од повеќе фирми.