Доградба на 2 основни училишта во општина Ѓорче Петров-проширување на капацитетите на училиштата во Хром и Ново Село

Ја подобруваме образовната инфраструктура. Градоначалникот Александар Наумоски одржа работен состанок со заменик министерот за образование Петар Атанасов. Во  капиталните инвестиции на Министерството за образование , во програмата за изградба и реконструкција, предвидено е да се прошират постојните  капацитети на 2 основни училишта.

Во ООУ,, Димитар Поп Георгиев –Беровски” во Хром  предвидена е изградба на 5 училни и 3 канцеларии. Со проширувањето и добивањето на повеќе простории , се создаваат услови ова училиште во кое сега настава се следи до 6-то одделение да стане деветолетка.

Капацитетите во ООУ  ,,Тихомир Милошевски” во Ново Село по вертикала, ламелно, ќе се прошират за 3 училни. Градежните работи треба да финишираат кон крајот на годината.