Доградба на нови училници во „Тихомир Милошевски“

Општина Ѓорче Петров заедно со Министерството за образование и наука решава уште еден долгогодишен проблем со капацитетите во училиштата кој ветивме дека ќе го реализираме. Доградуваме четири нови училници, нови санитарни чворови, скали и лифт за вертикала во основното училиште „Тихомир Милошевски“

И покрај лошите временски услови, работата на терен се одвива непречено.

Истовремено стартуваше и доградбата на подрачното училиште во Хром. Годинава ќе биде година на заокружување на капиталните проекти.