Дискусија со граѓаните на Волково за буџетот за 2019 година

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски заедно со дел од општинската администрација со граѓаните на Волково и околината, дискутираше за буџетот за 2019 година и она за што тие сметаат дека е приоритетно да се внесе во финансиската програма за следната година, а со цел подобрување на условите за живот во Ѓорче Петров.

Сите нивни барања кои воглавно се однесуваа на инфраструктурата, ќе бидат сериозно разгледани за вметнување во програмите за работа на секторите.

До финализирање на буџетот, општинската администрација ќе продолжи на ваков транспарентен начин да ги сослуша граѓаните, со цел носење на граѓански буџет кој ќе ги задоволи потребите на жителите на општина Ѓорче Петров.