Детските игралишта привремено затворени

Инспекциските служби на општина Ѓорче Петров по настанатата состојба со Ковид-19 вирусот привремено ги затвори за употреба детските игралишта.

Превенираме на оние места кои се потенцијални собиралишта. На оние игралишта кои се со метална ограда, вратите ќе им бидат заварени.
Повторно апелираме да се почитуваат мерките и препораките од Владата и Министерството за здравство и да се излегува надвор само по неопходна потреба.