Десетта седница на Советот

Одржана е 10-тата седница на Советот на општина Ѓорче Петров. Во пресрет на летото, кое важи за ризичен период за пожари, советниците го разгледаа и изгласаа Предлог-планот за заштита и спасување од пожари, експлозии и опасни материи за 2018 година. Меѓу другото, на дневен ред беше и Предлог-одлуката за давање согласност за потпишување договор за преземање на дел од обврските за ревитализација, одржување и чистење на нефункционална каналска мрежа за наводнување на подрачје на ХМС “Ново Село” и “Орман-Волково”, општина Ѓорче Петров за 2018 година, за која советниците дадоа “зелено светло”.