Ден на превенција во полицијата-75% од граѓаните се чуствуваат бебзбедно

По повод одбележувањето на Денот на превенција во полицијата, Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Алксандар Наумоски,  учествувше на состанокот организиран од Мисијата на ОБСЕ и СВР- Скопје. На состанокот беа презентирани компаративни анализи на јавното мислење за полициското работење. Според анкетата 75 одсто од граѓаните се чуствувааат безбедни. Овој резултат покажува дека огромното мнозинство луѓе не се плашат за сопствената безбедност, што е од клучно значење за генералната добросостојба на општеството и граѓаните, стои во анализата што беше презентирана денеска.

Чувството на безбедност може значително да се подобри доколку се преземат координирани активности на повеќе институции заедно со полицијата.

На презентацијата присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој потенцираше дека ваквите анкети и анализи се од голема помош за постојано подобрување на полициското работење со активирање на локалните совети  и власти.