Ден на Крстот-спој на традиција, култура, уметност, спорт

Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство на една земја. Културата е предизвик, но и поле каде се отсликува наследството и историјата .
Oд местото викано Јазбине каде векови наназад луѓето се собирале за да ги одбележат позначајните настани, општината ја возобновува традицијата.
Веќе 14 години на 1 Мај преку општонароден собир се одбележувам Денот на Крстот.
-Се трудиме да ги зачуваме вредностите и да ги пренесеме на идните генерации. На едно место правиме спој на фолклор, уметност,спорт и култура, рече градоначалникот Александар Наумоски во своето поздравно обраќање.
Спортските игри се обележје на оваа манифестација. Преку скокање со вреќа, влечење со јаже, фрлање на камен, се трудиме барем на момент да го вратиме спорсткиот дух од минатото. Преку музиката и песната се одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. Со настапот на најмладите и повозрасните учесници правиме генерациски спој и ја пренесуваме културата и традицијата од нашето поднебје на идните поколенија.
Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам и на Армијата која секоја година го подготвува војничкото гравче кое несомнено стана симбол на овој сенароден собир, подвлече Наумоски.
На сенародниот собир се одржа и Молибден пред Светиот Крст а обредот го водеше Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан.
Градаоначалникот Наумоски упати роденденски честитки до Поглавар на МПЦ-ОА, Г.Г. Стефан и со пригоден подарок му го честиташе 64-от роденден.