Ден на крстот во с.Кучково

Општина Ѓорче Петров, утре (01.05.2018) со почеток од 10 часот кај крстот во с. Кучково ќе го одбележи традиционалниот Ден на крстот, кој секоја година се одржува на 1 мај.
За присутните граѓани на 13-тиот по ред народен собир, општината подготви богата програма која вклучува културно-забавен дел, дефиле на кинолошки и коњички клуб, ликовна колонија, спортски игри, како и настап на музичка група која ќе почне после 13 часот. Воедно, ќе биде одржан и свечен молибден пред светиот крст, а за ручек ќе биде послужено традиционалното војничко гравче.
Ги покануваме граѓаните на Ѓорче Петров, но и сите кои сакаат да присуствуваат на овој настан, утре да ни се придружат во с. Кучково.