Денеска ги прославуваме Светите апостоли Петар и Павле. Заштитниците на општина Ѓорче Петров.

Денеска е голем празник за нашата Света Црква каде беше отслужена  Света архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

На свечената литургија, присуствувале голем број верници од општината.

По повод големиот христијански празник вредните готвачки од Ѓаконијата при црквата подготвија и свечен ручек за гостите.

Истовремено, село Кучково, Црквата Долна Света Петка  ги чествува Светите апостоли како свои заштитници и своја црковна слава. По утринската молитва, се делеше  осветен ручек за сите верици и посетители. На денешниот празник во село Кучково гости беа и дел од Соеветниците  на општината како и пратеници кои на  живеат на територија на општината Ѓорче Петров.

За многу години празникот !!!