Делегација предводена од Наумоски на гробот на Ѓорче Петров во Красна Полјана

Делегација предводена од градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски заедно со колегата од збратимената општина Красна Полјана во Република Бугарија, Иван Чакаров денеска положија цвеќиња пред спомен-плочата и гробот на нашиот патрон Ѓорче Петров во Софија, по повод 28 јуни, денот на неговото упокојување.

Во делегацијата се и амбасадорот на Република Македонија Марјан Ѓорчев, директорот на КИЦ на нашата земја во Бугарија, Сашко Насев и претставници од Советот на општината.

Посетата на Красна Полјана по повод 28 јуни продолжува и утре со средби во тамошната општина, а македонската делегација ќе присуствува и на празничната програма по повод 30 години од создавањето на реонот Красна Полјана.