Дебата: Културно ехо- Од напуштена Фабрика до студентски град , “КУПРУМ РУДНИК НА [СУБ]КУЛТУРА”

Градоначалникот Александар Наумоски учествуваше на дебатата организирана од Културно ехо под наслов: Од напуштена Фабрика до студентски град ,”КУПРУМ РУДНИК НА [СУБ]КУЛТУРА”
Иницијативата на Културно ехо е како да се заживее просторот на некогашната фабрика Купром и тоа место да стане студенстки град. Низ правните лавиринти и и преку институциите на системот, невладината Културно ехо се обидува да го врати сјајот на ,,Купром”.
Општината е отворена за соработка со вакви иницијативи. Недостига субкултура и андерграунд култура на иницијатива на младината и ние работиме тоа да го поттикнеме. Апелирам да се користат општините за да ги откриеме младите прогресивни таленти кои може да помогнат во движењето на општеството. Им даваме поддршка да влијаат на нашите одлуки како политичари, истакна Наумоски на дебатата.
На дебатата учествуваа Роберт Алаѓозовски , Александар Зарапчиев, Blendi Hodai, Бојан Петровски, Весна Радиновска, Гоце Коцевски , Илија Станковски, Крсто Златков , Симона Димковска , Јана Брсакоска, Благој Даскалов и модераторот на конференцијата Мартин Анастасовски.