Граѓаните на  Ѓорче Петров избра проект-осветлување на патеките на училиштата и градинките

Граѓаните одлучија!

Проектот-„Со мобилност до инклузија преку безбедно осветлени патеки“ ги освои гласовите на учесниците.

Во наредните 6 месеци со проектниот грант од 2.700 000 денари училиштата и градинките ќе добијат осветлени патеки на сите влезови и излези каде транзитират децата како и концентрирано осветлување на два критични пешачки премини.

Ѓорче Петров е една од 9-те општини која го доби проектот спроведуван од УНДП ,,Зајакнување на општинските совети” со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.