Го одбележавме Светскиот ден без автомобили

Преку зголемување на активностите на учениците во различни видови спортови се трудиме да создадеме здрава младина. На ,,Светскиот ден без автомобили” група ученици од основните училишта со своите наставници во соработка со Општинскиот сојуз на училишни спортови и Федерацијата, реализираа планинарска тура од Стопански Двор до туристичкиот коплекс во с. Кучково.

Општина Ѓорче Петров продолжува во насока на поттикнување на спортскиот дух кај младите и во време на пандемија.