Голема акција за чистење на Ѓорче Петров во соработка со Градот

Од Ѓорче Петров стартуваше големата акција за чистење на Скопје во соработка и во координација со Градот, општинските служби и јавните претпријатија “Комунална хигиена” и “Паркови и зеленило”. Акцијата денеска се одвива на улиците “Ѓорче Петров”, “4 Јули” и “Социјалистичка зора”.
Со целиот човечки потенцијал и механизација ќе се чистат и останати градски и општински улици, а за таа цел, ангажирани се 51 лице во делот на метењето, две цистерни и два кипери за собирање уличен отпад.
Град Скопје и јавните претпријатија, во соработка со локалните самоуправи, а со цел чиста животна средина и преку тоа, подобрување на здравјето на граѓаните, секоја седмица акцијата ќе ја организираат и во други општини на територија на градот.