Годинава 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти избрани од граѓаните

Советниците од општина Ѓорче Петров, заедно со колегите од Тетово и Чашка трета недела по ред посетуваат обуки, овој пат на тема „Управување со обврски, набавки и приходи“.

Обуките се организираат во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка-SDC, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации-UNDP.

Преку проектот, освен обуки за советниците, општина Ѓорче Петров во тек на 2020 година ќе добие два гранта –  50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку Форумите во заедницата, и 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.“