Втор ден акција-се коси долж главната улица во Волково

Во координација со ЈП “Паркови и зеленило” во текот на денешниот ден се работи на косење површини, воглавно долж главната улица во Волково, кон Даме Груев.
Акцијата за косење површини и чистење ѓубре и смет во соработка со Град Скопје продолжува и во наредните денови низ целата општина.
Покрај тоа, службите на општина Ѓорче Петров секојдневно и засилено работат на терен.