Во соработка со ЈП ,,Комунална хигиена”, расчистени 3 диви депонии на територија на оптштина Ѓорче Петров

Расчистивме три диви депонии на наша територија. Успеавме да ја доведеме до нормала животната средина на три локации: на влезот на општината кај Сарај, наспроти пазарот кај старо Борово како и каналот крај гаражите на  ЈСП.

Во соработка со ЈП ,,Комунална хигиена” отстранети се 200 метри кубни односно 10 камиони претежно градежен и кабаст отпад кој со години се трупал на овие места. Со трајното чистење на депониите, општината ќе се погрижи да спречи нивно повторно создавање.

Апелираме до граѓаните да ја чуваат животната средина и јавните површини од загадување, а отпадот од домаќинствата да го одлагаат исклучиво во контејнерите наменети за комунален смет.

Подигнување на свеста кај граѓаните за штетноста од несовесното постапување со отпадот и неговото влијание врз здравјето на човекот.

Општинските комунални служби вчера и денеска интензивно работат и на расчистување на последиците од невремето. Истовремено продолжуваат со тековното одржување  на општината.