Во реонскиот парк одбележан 28 јуни-денот на упокојувањето на Ѓорче Петров

Делегации од општина Ѓорче Петров, Советот, политичките партии, здруженија на борци и пензионери, урбани и месни заедници, полициската станица, основните училишта и градинките и гимназијата “Кочо Рацин”, денеска пред споменикот на великанот Ѓорче Петров во реонскиот парк положија цвеќе по повод денот на упокојувањето на патронот-28 јуни.
Никогаш да не ги заборавиме оние што ја напишаа македонската историја. Нека биде вечно неговото дело.