Во подготовка павилјонот, скалите за амфитеатарот и плочникот на корзото

Во ек се градежните подготовки на втората фаза од корзото во Ѓорче Петров. По поставувањето на подземната инсталација и нивелирање на земјиштето, интензивно се работи на уредување на просторот-подигнување на павилјонот, скалите за амфитеатарот и плочникот.

Со оваа капитална инвестиција, Ѓорче конечно ќе го врати симболот на општината и ноќниот живот, но истовремено и духот на заедништвото.