Во подготовка нов проект за јавно осветлување

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски вчеравечер присуствуваше на мерење на осветленоста од постојните светилки на јавното осветлување во општината.

Мерењето беше извршено заедно со стручни лица од општината и консултантот ангажиран за изработка на физибилити студијата за оправданост од воспоставување на договор за јавно-приватно партнерство за реконструкција, одржување, управување и развој на јавното осветлување во Ѓорче Петров.

Врз основа на податоците од официјалните мерења направени од страна на консултантот се констатираше она за што граѓаните реагираат-степенот на осветленост од постојните светилки е на многу ниско ниво кое не ги задоволува ниту минималните технички стандари и барања, што е уште еден доказ дека проектот за модернизација на јавното осветлување е повеќе од неопходен за сите граѓани.

Службите на општина Ѓорче Петров работат интензивно на тоа, бидејќи жителите заслужуваат поквалитетно јавно осветлување. Токму затоа, во подготовка е проектот за модернизација на јавното осветлување кој се очекува да се реализира во идниот период.