Во паркот во Ѓорче Петров одбележан 11-ти Октомври

Со интонирање на химната на Република Македонија, едноминутен молк во знак на почит кон загинатите и положување цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ, во реонскиот парк во Ѓорче Петров беше одбележан државниот празник 11-ти Октомври, Денот на народното востание.

На положувањето цвеќе присуствуваа градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, делегации од Советот на општината, здруженија на борци и пензионери, политички партии, училишта, градинка, полициска станица…

Големиот ден за Република Македонија, 11-ти Октомври е истовремено и потсетник за слободна држава, благодарејќи им на оние кои ги дадоа своите животи за независност.