Вонредно чистење на улиците во соработка со “Еко клуб”

Општина Ѓорче Петров во соработка со фирмата “Еко клуб” од Скопје која и отстапи на локалната самоуправа машини на користење, во текот на денешниот ден ќе изврши дополнително чистење и миење на дел од улиците низ населбата.
Општинските служби за чистење ќе работат и во текот на утрешниот ден, во координација со други општини и Град Скопје. Со тоа, општината се приклучува кон иницијативата на Градот за чистење и средување на животната средина.