Високи места за младите каратисти од Ѓорче Петров на ЕП во шотокан

Карате клубот „Ѓорче Петров“ на почетокот на месецот на Европското првенство во шотокан што се одржа во Скопје во конкуренција од 19 земји и над 1.400 натпреварувачи  освои високи места.

Со поддршка од општина Ѓорче Петров, младите каратисти освоија во поединечна конкуренција во изведба на кати-еден златен медал, три бронзени и екипно трето место, ката тим.

Нашата заложба да го вратиме спортот и спортскиот дух во општината ќе се интензивира во наредниот период. Општината ќе продолжи финансиски да ги поддржува клубовите и поединците од Ѓорче Петров кои веќе покажуваат одлични резултати на спортските терени.