Бесплатни ужинка и појадок за првооделенците од Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров обезбеди бесплатна ужинка- за децата во класична настава, а за децата во продолжен престој-бесплатен појадок. Ова се однесува на учениците од прво одделение во сите основни училишта од Ѓорче Петров.
Со ова, реализиран е уште еден многу важен сегмент кој се однесува на најмладите и образованието. Истиот е дел од програмата на градоначалникот Александар Наумоски, а со тенденција секоја нова учебна година да се опфати нова генерација.
Воедно, од 1 октомври децата од шесте основни училишта на територија на општината почна со исхрана. За учениците од прво до третто одделение, обезбеден е топол оброк-појадок и ручек, а за сите други до деветто одделение-ужинка.