Бесплатни полначи за сопствениците на електрични автомобили

Електричните автомобили полека, но сигурно, ги освојуваат светските пазари. Следејќи ги глобалните трендови, општината презема чекори во подготовка на инфраструктурата. Во соработка со ЕВН, на паркингот кај поликлиниката ,,Ѓорче Петров’’ поставен е бесплатен полнач за електрични автомобили. Годинава за прв пат, Владата ќе доделува субвенции за купување на хибридни и електрични автомобили во насока на намалување на загадувањето, намалување на бучавата и искористување на обновливата енергија. Согласно заложбите, се предвидува до 2035година,   целиот возен парк во земјава да биде на електричен или хибриден погон.