“Баскерфест” во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров во недела ќе биде центар на културните збиднувања и домаќин на светски познатиот “Баскерфест”.
Од реонскиот парк во Ѓорче ќе стартува караванот на фестивалот низ главниот град. Триесетина артисти од Јапонија, Шпанија, Аргентина, Бразил, Франција… преку своите настапи, поддржани со музички перформанс ќе ги забавуваат присутните во центарот на Ѓорче Петров.
Ги повикуваме сите граѓани да го посетат паркот на 10 јуни во 19 часот, заеднички да се забавуваат и да ги проследат настапите на најдобрите жонглери, кловнови, магионичари, акробати, танчери со оган, брејкденсери и настапувачи на жица.