Асфалт на улиците 4,5 и 6 во ДУП „Спортски терени“

Општината доби уште еден урбан кварт за живеење. Заврши градежниот зафат за асфалтирање на Новопроектираните улици кај зградите покрај Вардар веднаш до игралиштетео Македонски лавови.
Асфалтирани се улиците 4,5 и 6 во должина од 400 метри, широчината е 6 метри а покрај коловозот од двете страни поставени се тротоари во широчина од 2 метри. Претходно, поставена е атмосферска, канализациона и водоводна мрежа а квартот доби и модерно улично осветлување.
За реализација на овој зафат од буџетот на општината издвоени се околу 12.500.000 денари.