Асфалтирање на улица ,,31“ во Волково

Нов коловоз во должина од 600 метри. Градоначалникот Александар Наумоски изврши увид во градежните работи за асфалтирање на улица 31 во село Волково.

Нов коловоз е изведен на потегот од кружниот тек до новата градинка и десен крак од игралиштето ,,Бранители“.

Ѓорче Петров подеднакво инвестира во сите делови на општината и во урбаниот и во руралниот. Секој ни е важен.