Асфалтирана ул. “Пекљање 5”

Завршено e асфалтирањето на улицата “Пекљање 5” во населбата Даме Груев. Се подготвуваат за работа и “Пекљање 3” и “Пекљање 1”.

Поради неповолните временски услови, можно е кратко пролонгирање на асфалтирањето, онаму каде што во моментов се работи.

За вметнување во програмите за работа на секторите на општина Ѓорче Петров во услови кога го креираме општинскиот буџет за 2019 година, сериозно се разгледуваат за интервенција сите инфраструктурни критични точки.