Асфалтирана улица Радушка-Црногорска во Дексион

Завршија градежните работи за реконструкција на улица Радушка-Црногорска во населбата Дексион. Поставен е нов асфалт во должина од 560 метри на потегот од крстосницата со улица Кузман Шапкарев до крстосницата со улица Панајот Гиновски.

Зголемена е безбедноста на пешаците со поставување на тротар по целата должина.

Безбедоста на локалното населени ќе се зголеми и со поставување на  два “легнати полицајци“, на двата краја од улицата.

Минатата година на овој потег општината изведе и атмосферска и канализациона мрежа.

Асфалтирањето на улицата е буџетирано со средства од општината, за чија цел се извоени 4.400.000 денари.

Градежните работи започнаа на 16 октомври 2020 година.

Реконструкцијата на овој потег се врши по цели шест децении.