Ансамбл од Полска ќе гостува во Ѓорче Петров

Во понеделник (03.09.2018) со почеток од 20 часот на игралиштето кај ресторанот “Камин кама” во Ѓорче Петров ќе гостува познатиот полски ансамбл “Мајеранки”.

Концерот под наслов “Полска и Македонија со срце за Вас” е поддржан од општина Ѓорче Петров.  Покрај настапот, забавни содржини ќе има речиси во текот на целиот ден на истата локација.

Општина Ѓорче Петров ги поканува граѓаните да ја погледнат оваа културно-забавна манифестација.