Акција на чистење на потегот и атарот кон Кучково

Денеска комуналните служби во соработка со приватниот концесионер ,,Екофлор” интервенираа на патниот правец Волково-Кучково. Се чистеше и во делот околу крстот и боровата шума. Сликата кон единственото место за излет и  викенд прошетки во општината е повеќе од  загрижувачка.  Несовесноста за уништувањето на животната средина кулминира. Апелираме до граѓаните, соодветно да го исфрлаат отпадот, да ја почитуваат и  совесно да се однесуваат кон природата, пред се поради сопственото и здравјето на нивните деца.