Акција за чистење на отпад во урбаната заедница Дексион

Заложбата за почиста и поздрава животна средина е еден од најважните приоритети на нашето дејствување. Комуналните служби денеска се фокусирани во урбаната заедница Дексион. Исфрлени се 2 камиони со отпад, или околу 6 кубни тони смет. Се чистат уличките во Ѓорче 2, околу Геријатрија и основното училиште. Согласно временските услови акцијата продолжува и во понеделник. Но, не се доволни само акции за Ѓорче Петров да стане чиста општина. За да имаме здрава и чиста околина потребни се промени и во однесувањето на граѓаните, особено во начинот каде и како го фрлаат комуналниот отпад.