Акција за чистење на отпад во Стопански Двор

Комуналните служби денеска интервенираа на потегот кај клучката Стопански Двор кон Обиколницата. Исфрлени се два камиони ѓубре или осум метри кубни смет. Акцијата за чистење продолжува и во понеделник, со што екипите ќе бидат сконцентрирани во населениот дел од  Стопански Двор.