Акција за кастрење и сечење на суви дрвја

На барање на жителите , а во соработка со ЈП ,,Паркови и зеленило” на повеќе локации во општина Ѓорче Петров, денеска е спроведена акција за сечење на суви дрвја и кастрење на гранки.

Овие дрвја претставуваа  потенцијална опасност за минувачите и паркираните возила. Согласно процедурите извршени од Градот Скопје издадено е решение за нивно сечење и кастрење.

Општина Ѓорче Петров сака да истакне дека, како и досега, за секое исечено дрво, на истата локација или во непосредна близина ќе биде засадено ново дрво со есенската акција која следи.