Активирана зимската служба во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров будно ја следи состојбата со врнежите од снег и паѓањето на температурите. По вчерашните врнежи од снег, активирана беше зимската служба во општината.

Во текот на ноќта се расчистуваше снегот од коловозот на критичните точки во руралниот дел во село Кучково, Волково, Ораман и Никиштани.

Синојќа беа расфрлени 15 тони сол на патните правци во општината.

Денеска, проодни се сите патишта во општината.  Рачно се нанесува сол на критичните точки на коловозот во Кучково.

По потреба се активира и дежурна екипа која ја контролира состојбата со мостот во населбата Даме Груев.

Поради мрзнење на коловозот, општина Ѓорче Петров препорачув,  возачите внимателно да управуваат со своите возила и  да ја прилагодат брзината на движење.