Мени

Стојкоски на средба со претставници на „Ромалитико“

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико на која се разговараше за заложбите кои произлегуваат од Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030.

Утврдено е дека во претстојниот период ќе се изработуваат Локални акциски планови за Роми 2022-2025, засновани на принципи на еднаквост, промовирање на учество на ромската заедница во сите фази на креирање политики, како и дефинирање на квантитативни и квалитативни таргети во секоја од областите за мерење на достигнувањата и импактот врз заедницата, во повеќе општини, меѓу кои и Ѓорче Петров.

-Изразувам благодарност за техничката и логистичката поддршка која ни е ставена на располагање од нивна страна, бидејќи само со здружени сили и идеи, како и аплицирање и искористување на финансиски средства за реализација на проекти кои се фокусирани на ромите, заеднички ќе успееме да го подобриме животот на ромите - граѓани на Општина Ѓорче Петров – рече Стојкоски.

Галерија

Image

of

Календар на планирани настани


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед
 logo_iso_2021 Finansiski_indikatori Corona_virus

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам