Мени

Општина Ѓорче Петров го донесе Буџетот за 2023 година во вредност од 359.182.303,00 денари

Советниците на општина Ѓорче Петров го изгласаа Буџетот на општината во вредност од 359.182.303,00 денари.

Буџетот е изработен тргнувајќи од основните цели за фискална стабилизација, економичност, рационалност во трошењето на буџетските средства и намалување на сите непродуктивни трошоци.

Најголем процент од вкупните расходи припаѓаат на следниве категории на расходи: капитални расходи - 39,16 проценти од вкупните расходи, потоа следуваат расходите за набавка на стоки и услуги - 38,09 проценти и плати и надоместоци во износ од 16,60 проценти.

Во буџетот на општината за следната година предвидени се средства и за реконструкција на улици, изработка на проекти за изградба на градинки и улици, изградба на игралишта, спортски терени, детски катчиња и пречистителни станици.

Во 2023 година со средства од буџетската каса предвидени се и дигитализација на услугите за граѓаните, изработка на урбанистички планови, нови капацитети за водоснабдување, еднократна парична помош за ранливи категории и новороденчиња, поддршка за спортисти и спортските клубови, заштита на животна средина, јавна чистота и култура.

При изработка на буџетот земени се во предвид и идеите и потребите на граѓаните кои општината ги доби по пат на јавна анкета и отворен ден со граѓаните.

Галерија

Image

of

Календар на планирани настани


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед
 logo_iso_2021 Finansiski_indikatori Corona_virus

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам